Цариградскиот Патријарх го покани Рускиот Патријарх Кирил да го посети Истанбул
 
 
 
 
 

Цариградскиот Патријарх го покани Рускиот Патријарх Кирил да го посети Истанбул (03.02.2009)

Претставникот на Цариградската Патријаршија Архиепископот Критски Иринеј денес му предаде на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил покана за посета на Истанбул од страна на Патријархот Вартоломеј I.

Патријархот Кирил со благодарност ја прими поканата од Цариградскиот Патријарх и вети дека според можностите ќе го посети Истанбул, за „во братско заедничарење“ со Патријархот Вартоломеј „да се одредат патиштата за дијалог меѓу двете Цркви“.

Патријархот Кирил исто така истакна дека дијалогот меѓу Цариградската и Московската Патријаршија „особено активно се развива во последно време“ и ја смета за важна последната средба со Патријархот Вартоломеј во октомври 2008 година во Истанбул, каде што се одржа средба на поглаварите на Православните Цркви од светот.

Датумот за можната посета на Патријархот Кирил на Истанбул денес не беше договорена.

 

Извор: Интефакс