Грузискиот патријарх Илија II во Германија заради лекарски преглед
 
 
 
 
 

Грузискиот патријарх Илија II во Германија заради лекарски преглед (05.02.2009)

Поглаварот на Грузиската Православна Црква Илија II на 4 февруари замина за Германија, каде што ќе му биде направен лекарски преглед во берлинската клиника, во којашто пред неколку месеци му беше направен бајпас на коронарните артерии.

Лекарите изјавуваат дека независно од стабилната состојба на Неговата Светост, решението за преглед во Германија беше донесено како резултат на консултации на грузиските и германските лекари.

На 3 ноември 2008 година на Патријархот му беше направен бајпас на коронарните артерии. Неопходноста од операцијата се појавила после направеното ангиологичко испитување во една од главните кардиолошки клиники во Берлин за време на неговата посета на Германија.

 

 

Извор: Патриархиа.ру