Поглаварот на Црквата на Чешка и Словачка во посета на Ерусалим
 
 
 
 
 

Поглаварот на Црквата на Чешка и Словачка во посета на Ерусалим (18.03.2009)

Во петок, на 13 март, Руската духовна мисија во Ерусалим ја посети Митрополитот Христифор, поглавар на Православната Црква на Чешка и Словачка, кој беше во кратко поклоничко патување на Ерусалим. Во храмот на царицата Александра го пречека членот на мисијата игуменот Теофан. Друга цел на посетата на Поглаварот на Чешката Црква беше научна работа во библиотеките на Ерусалим.

Во саботата во главната сала на Ерусалимската Патријаршија Поглаварот на Чешката Црква беше примен од Ерусалимскиот Патријарх Теофил III.

Вечерта спроти неделата, Митрополитот Христифор отслужи Божествена Литургија на Гробот Господов.

 

 

Извор: Руска духовна мисија