Руската Црква предлага интернетот да се искористи за проповед на позитивни идеали
 
 
 
 
 

Руската Црква предлага интернетот да се искористи за проповед на позитивни идеали (02.04.2009)

Во Руската Правослвна Црква ја истакнуваат важноста и неопходноста на борбата со злоупотребата на интернетот, но повикуваат можната засилена контрола над сесветската мрежа да не се смета како главно оружје за борба со општествените пороци.

„Не смееме сосема да се надеваме на мерките со карактер на забрана, што се однесуваат на интернетот, тоа никогаш кон ништо не води“, изјави претседателот на службата за комуникации на Одделот за надворешни црковни врски при Московската Патријаршија свештеникот Михаил Прокопенко.

Според зборовите на о. Михаил, интернетот, од една страна, е навистина „благопријатна средина за измама, искористување на човечките пороци, распространување на лаги и клевети“, но исто така „дозволува да се изобличи неправдата и клеветата и да се обединат луѓето заради некое добро дело“.

„Со еден збор, како и кое било техничко средство интернетот може да биде употребен и за добртото на луѓето и за да се постигнат цели што се недостојни за човечкиот повик“, забележа свештеникот.

 

Извор: Интерфакс