Грчкиот Архиепископ Иероним за Велигден со 2000 бездомници
 
 
 
 
 

Грчкиот Архиепископ Иероним за Велигден со 2000 бездомници (21.04.2009)

Општината на Атина и Атинската Архиепископија организираа пасхална трпеза за 2000 бездомници во центарот на грчката престолнина.

Атинскиот Архиепископ Иероним го пречека Велигден со скитниците на главната улица Софоклеус, каде што беше организирана празнична трпеза на која не недостасуваше ништо.

„Како Црква ќе направам сѐ што е возможно за да бидам до луѓето коишто страдаат. Тоа е наша должност и мисија“, рече Архиепископот Иероним.

Традиционално на ова место Атинската општина раздава секојдневно храна на 1500 души.

Споделувањето на пасхалната трпеза со бездомници и бедни луѓе е традиционално за цела Грција. Во повеќе градови во земјата општините и парохиите организираат свечености за своите сожители кои страдаат. Христијаните масовно собираат помош, подароци, пари, кои се раздаваат на социјално слаби семејства и на бездомници.

Во Солун пасхалната трпеза за бедни собра 800 души, а неколку православни парохии во градот во трите дена на Велигден организираат добротворен велигденски обед, во чиешто подготвување учествуваат сите.

Според официјалната информација на Министерството за здравство во Грција живеат 7200 бездомници, без во тоа да се вклучат нелегалните емигранти. 970 души живеат во куќи за привремено живеење и во домови, а 2730 души живеат во лоши услови, т.е. во бараки, приколки, шатори, магацини и напуштени згради. Министерството за здравство започна со програма за пребројување на бездомниците во земјата врз основа на податоците од општините. Нелегалните емигранти кои живеат во центарот на грчката престолнина се десетици илјади.

 

Извор: Дверибг.нет