Рускиот Патријарх Кирил отслужи Воскресна Литургија во храмот на Христос Спасителот
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Кирил отслужи Воскресна Литургија во храмот на Христос Спасителот (23.04.2009)

Ноќе спроти 19 април Патриархот Московски и на цела Русија Кирил отслужи празнична утрена и Божествена Литургија во соборниот храм на Христос Сасителот.

Сослужуваа: архиепископот Сарански и Мордовски Варсануфиј, архиепископот Истрински Арсениј, епископот Дмитровски Александр, протоерејот Михаил Рјазанцев и претставници на московското свештенство.

На богослужбата присуствуваа претседателот на Руската федерација Дмитриј А. Медведев и Претседателот на Владата на РФ Владимир В. Путин.

Пред почетокот на богослужбата во храмот, како и секогаш, беше донесен Благодатниот оган од кој присутните во храмот ги запалија своите свеќи. Благодатниот оган беше доставен вечерта на 18 април со специјален лет од Ерусалим во Москва.

Со пеењето на стихирата: „Воскресението Твое, Христе Спасе“ извршена е литија околу храмот на Христос Спасителот, на чело со Поглаварот на Руската Црква.

Оваа година воскресното евангелие се читаше на 18 јазици. Патријархот почна да чита на грчки и латински, а потоа оние што сослужуваа продолжија да читаат на еврејски, ерменски, словенски, руски, англиски, француски, германски, италијански, шпански, украински, молдавски, естонски, латвиски, српски, мордовски и кинески.

После богослужбата Патриархот им се обрати верните со беседата во која, меѓу другото, кажа: „Господ нè испитува кога дозволува да ни се доближи злото, Он ја испитува нашата вера, нашата верност затоа што со Своето Воскресение го победи секое зло... и оној кој е со Христос, е посилен од адот“.

 

      

 

        

 

                        

Извор: Патриархиа.ру