Рускиот Патријарх Кирил го поздрави Патријархот Вартоломеј по повод именденот
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Кирил го поздрави Патријархот Вартоломеј по повод именденот (14.06.2009)

Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил испрати честитка до Неговата Светост Вартоломеј, Архиепископот на Константинопол - Новиот Рим и Вселенски Патријарх, во кое го поздрави по повод неговиот именден.

Срдечно Ве поздравувам по повод Вашиот именден – за денот на споменот на светите Христови апостоли Вартоломеј и Варнава, којшто оваа година се совпадна со празникот на Светата Педесетница.

Милостивиот Господ, Кој од Отецот Го испрати Светиот Дух на Своите свети ученици и апостоли, нека Ви дарува благодатни дарови на премудрост и разум во Вашето првосветителското служење за доброто на светата Цариградска Православна Црква.

Со братска љубов во Господ Исус,

+Кирил, Патријарх Московски и на цела Русија

 

Прес-службата на Московската Патријаршија

 

Извор: Патриархиа.ру