Нов официјален сајт на Бугарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Нов официјален сајт на Бугарската Православна Црква (16.06.2009)

На 19 јуни во салата на Софиската митрополија, Светиот Синод на Бугарската Православна Црква ќе организира официјална презентација пред новинари на новиот сајт на Бугарската Патријаршија - www.bg-patriarshia.bg. На презентацијата ќе присуствува екипата на сајтот, а исто така и регионалните редактори, кои ќе ги испраќаат своите вести од епархиите. На сајтот ќе се објавуваат официјални вести за внатрешниот живот на БПЦ, така што ќе се избегнат објавувањата во светскиот печат на непроверени и дури неточни информации за Бугарската Црква.

 

Извор: Дверибг.нет