Во Московската Патријаршија не се подготвени за продолжување на дијалогот во досегашна форма со Евангелската црква во Германија
 
 
 
 
 

Во Московската Патријаршија не се подготвени за продолжување на дијалогот во досегашна форма со Евангелската црква во Германија (12.12.2009)

Во Руската Црква не се подготвени во досегашна форма да се води дијалог со Евангелската црква во Германија (ЕЦГ), но се отворени за разговор за постоечките разлики.

„Иако, ние и порано не го признававме присуството на свештеници во протестантските општини, а следствено, не ги признаваме како „Цркви“ во наше поимање на овој збор, ние водевме дијалог со некои од нив во рамките „Црква-Црква“, - вели во писмото претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија архиепископот Волоколамски Иларион до претседателот на ЕЦГ Маргот Кесман и до раководителот на одделот на оваа организација за екуменизам и задгранична работа Мартин Шиндехјуте.

„Сепак, - продолжи Владиката, - нивната ситуација се смени, и жена стана поглавар на Евангелската црква во Германија. И ова сега стана начелно прашање за можноста за продолжување на дијалогот во вакви рамки“.

Според зборовите на архиепископот, таквиот избор сведочи за тоа дека покрај 50-годишниот дијалог со православните, „другата страна оди по патот, кој драматично ги заострува разликите меѓу нашите традиции“.

„Ние не можеме а да не го земеме предвид мислењето на нашите верници, а за нив средбите и разговорите со Црквата, за чијшто поглавар е избрана жена, претставува апсолутно неприфатливо“, - се вели во писмото, коешто е објавено на сајтот на Одделот за надворешни црковни врски.

Архиепископот изрази жалење што после решението на новото раководство на Евангелската црква во Германија свеченостите по повод 50-годишнината на богословскиот дијлог меѓу Руската Црква и ЕЦГ беа без согласување, еднострано откажани.

„Жал ми е што јубилејот на нашиот дијалог, којшто донесе многу добри плодови во минатото, стана истовремено и крај на овој дијалог во овој облик, во кој постоеше во текот на половина век“, - се вели во писмото.

Во исто време архиерејот укажа на тоа што „и покрај изјавите на некои руски средства за јавно информирање“, ниту тие, ниту кој било од нивните соработници не прогласија „прекин на односите“ со Евангелската црква во Германија.

„Ние високо го оценуваме долгогодишното пријателство со германските протестанти, а опитот на богословскиот дијалог, безусловно, во иднина ќе биде од полза“, - истакна архиепископот Иларион.

Тој изрази подготвеност „по истекот на некое време во мирна атмосфера да се разгледа настанатата ситуација“ и да се посети Германија на пролет 2010 година.

 

Извор: Интерфакс