После повеќе од 557 години, повторно ќе се отслужи Божествена Литургија во Света Софија
 
 
 
 
 

После повеќе од 557 години, повторно ќе се отслужи Божествена Литургија во Света Софија (08.05.2010)

Πеток, 07 Мај 2010 Ромфеа

Повторно ќе се отслужи Божествена Литургија во Света Софија, 557 години после губењето на Константинопол, со иницијатива на организацијата «Сесветска парохија на Света Софија», која брои десетици илјади членови од целиот свет.

Во текот на конференцијата за печат, која ја дадоа денес во Солун претседателот на Сесветската парохија, Крис Спиру и Митрополитот Солунски, г. Антим, г. Спиру даде до знаење дека Божествената Литургија ќе се соврши во Петок, 17 Септември, денот на кој Православните Христијани ја слават света Софија и нејзините ќерки Вера, Надеж и Љубов.

Како што кажа, Сесветската парохија веќе го известила, со препорачано писмо, претседателот на Владата на Турција, Таип Ердоган, за нејзината одлука да присуствува во Градот тој ден и да богослужи во Света Софија.

«Ние, Парохјаните на Света Софија од целиот свет, ќе бидеме во Градот, со цел да совршиме Божествена Литургија во Мајката Црква на Христијанството, символот на Православието», се истакнува, помеѓу другото, во ова писмо.

Понатаму, со иницијатива на организацијата, во Недела, 23 Μαΐου, ќе се соврши Литургија во Црквата на Божјата Премудрост во Солун, на која ќе чиноначалствува Митрополитот Солунски, а ќе присуствуваат Светисофијци од Грција и од други странски земји.

Одговарајќи на прашање дали претставниците на Сесветската Парохија го информирале Министерството за надворешни работи на Грција за иницијативата која ја преземаат, г. Спиру изјави дека тоа не е политичка тема и потенцира дека организацијата е основана во САД.

«Никоја Влада нема право да ја одредува употребата на свештените места, или да поставува свештеници или архиереи и да го определува начинот на облекување на свештениците и верските служители», рече г. Спиру.

 «Сесветската Парохија на Света Софија» беше основана во 2005, со седиште во САД, а е признаена како непрофитабилна организација и има за цел да го отвори повторно како христијански, храмот на Света Софија. Помеѓу илјадниците членови на организацијата, од целиот свет, има и луѓе од други вери и уверувања.