Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија во посета на Света Гора
 
 
 
 
 

Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија во посета на Света Гора (22.10.2010)

На 20 октомври 2010 година претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Митрополитот Волоколамски Иларион пристигна на Света Гора во рускиот манастир на свети Пантелејмон, каде што му го честиташе 95-от роденден на игуменот на манастирот архимандритот Еремија. После братската трпеза гостите се поклонија на светињите во обителта. Тие ја посетија и поранешната манастирска мелница, каде што се подвизувал во монашкиот подвиг преподобен Силуан Атонски.

Освен Русик, тој ги посети Великата Лавра, Иверскиот манастир и неколку други светогорски обители. Неговата посета на Света Гора ќе трае до 29 октомври.

 

     

 

      

 

Извор: Патриархиа.ру