Во посета на манастирот Филотеј на Света Гора
 
 
 
 
 

Во посета на манастирот Филотеј на Света Гора (26.10.2010)

На 25 октомври 2010 година, делегацијата на Руската Православна Црква на чело со претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Митрополитот Иларион пристигна во манастирот Филотеј на Света Гора, кој е основан во X век од страна на ученикот на Св. Антониј Атонски - Филотеј. На влезот на манастирот гостите ги пречека игуменот на манастирот јеромонахот Никодим со неговото братство. Високопреосветениот Митрополит Иларион присуствуваше на краткиот молебен во соборниот храм. На крајот, игуменот на манастирот се обрати на Митрополитот Волоколамски Иларион со следните зборови: „Со почит и благодарност ви посакувам добредојде во манастирот. Ви благодарам што се потрудивте да дојдете кај нас, смирените ... Ваше Високопреосвештенство! Ние знаеме дека овој живот е краток и по благоволение Божјо се оддалечивме од овој суетен свет за да одиме по тесниот пат кон Царството на оној свет, каде што светоста и радоста се вечни. Според учењето на нашите свети старци, знаеме дека човекот без труд и маки не може да се очисти и дека Господ ги зема во Cвoeто Царство само оние кои прават сѐ што можат заради своето спасение“.

 

После трпезата гостите се поклонија на светињите што се чуваат во манастирот: на честички од Светиот Крст, на десната рака на Свети Јован Златоуст, пренесени во манастирот од страна на императорот Андроник II Палеолог, моштите на Свети Козма Етолски, моштите на други светители, чудтворната икона на Пресвета Богородица „Сладок целив“, којашто чудесно била пренесена од Цариград по морето.

 

      

 

     

 

      



Извор: Патриархиа.ру