Нова печатница на Романската Патријаршија
 
 
 
 
 

Нова печатница на Романската Патријаршија (14.01.2011)

Романскиот Патријарх Даниел ја посети новата печатница на Романската Патријаршија „Фар (Светилник)“. Отворањето на печатницата е резултат на развојот на мисионерската дејност во Романската Црква и нејзините културно-просветни проекти во последните години.

 

„Ова е огромна придобивка која ќе помогне за остварување на многу иницијативи на Патријархот Даниел. Една од нив е и оваа година, која е посветена на Светите Тајни Крштение и Брак, и по тој повод ќе бидат поделени голем број информативни материјали со светоотечко учење за бракот и крштението“, изјави од името на Патријаршијата отец Варлаам. Во печатницата „Фар“ ќе биде печатен и дневниот весник на Патријаршијата „Светлина“. Приходот од печатарската дејност ќе биде исползуван за поддршка на средствата за јавно информирање на Романската Црква. „Фар“ исто така ќе печати и книги и брошури со духовна содржина по многу ниски цени, така што да бидат достапни за сите верници.

 

Извор: Dveribg.net