Кажување на еден поранешен геј-активист којшто го надмина хосмосексуализмот
 
 
 
 
 

Кажување на еден поранешен геј-активист којшто го надмина хосмосексуализмот (01.02.2011)

Бев геј, или барем така си мислев.

 

Одлучив дека сум сигурно геј кога бев тринаесетгодишен, бидејќи не знаев како да се носам со машкоста во мене која созреваше. Се чувствував многу уплашен. Татко ми веќе ми имаше покажано дека има од што да се плашам: тој ја изневеруваше мајка ми и ја оставаше да плаче осамена и скршена, предадена на очајни обиди да спаси една мртва врска.

 

И кога се исправив пред изборот дали да бидам „маж“ или да си бидам едноставно „јас“ – го гледав моето „јас“ како „прилично посвесен човек“, не како „маж, кој ќе прави такви ужасни работи како другите мажи“ – одлучив дека ќе си бидам „јас“. И бидејќи тоа „јас“ изгледаше како нешто поинакво од „маж“, истото тоа „јас“ стана геј.

 

Не тврдам дека кај секого хомосексуалноста започнува токму на таков начин. Просто кажувам како тоа се случи со мене.

 

Во мојот живот таа промена доби сеопфатен карактер, бидејќи секогаш сум се стремел да го постигнам максималното во секое нешто со кое се зафаќам. Целосно се вклучив во акциите за рамноправност на хомосексуалците. Почетокот на оваа моја дејност беше во „Дартмут Колеџ“, каде што во тоа време на дваесетгодишна возраст учев. Во 1996 година учествував во демонстрациите во врска со Националниот конгрес на републиканците во Сан Диего. За време на овие демонстрации ги пишувавме со креда по тротоарите нашите измислици и после одевме во круг околу нив со разни воодушевени извици.

Кога наполнив дваесет и две години, започнав да работам за XY Magazine” – првото списание создадено специјално за млади хомосексуалци. Малку пред да наполнам 25 години се вклучив како уредник на изданието на „Прирачник за опстанување на XY*: сѐ што треба да знаете кога сте геј на млада возраст“ – првото издание на „прирачник“ за млади хомосексуалци. На дваесет и шестгодишна возраст ја напуштив работата во XY Magazine” и станав основач на „Young Gay America” – долгорочен проект на заедницата со некомерцијална цел, којшто најде реализација во цела Северна Америка преку специјално одржуваните средби со мажи и жени хомосексуалци, чиишто интервјуа ги објавуваме на веб сајтот на заедницата заедно со кажувања за личните судбини на овие луѓе.

 

Во 2004 година движењето „Young Gay America” се трансформираше во списание „Young Gay America Magazine”. Во периодот од основањето на движењето во 2001 година до почетокот на издавањето на ова списание јас ги застапував јавно своите ставови во над педесет весници, списанија, телевизиски и радио емисии.

 

Во својство на експерт за хомосексуалност кај младите јас добивав покани за учество во низа престижни средби и дебати по целиот свет, на универзитетски консултативни советувања и конференции. Во 2004 година учествував во првата експертска телевизиска дискусија за американскиот младински хомосексуализам, одржана на Факултетот за државна управа „Џон Ф. Кенеди“ при Универзитетот Харвард.

 

Како активист во „Young Gay America” имав средби со светски лидери. Бев примен на средба кај градоначалникот на Берлин и премиерот на Канада. Движењето „Young Gay America” ја доби наградата „Национален модел за следење“, а филмот кој беше направен со наше учество, имаше проекции на над педесет меѓународни филмски фестивали, доби низа награди и беше прикажан дури на специјална двопартиска средба на Американскиот конгрес. Со други зборови, движењето „Young Gay America” се покажа доста успешна кариера за мене.

 

Списанието „YGA Magazine” се здоби со широка читателска публика, а меѓу претплатниците веднаш се појавија неколку гимназиски библиотеки од Северна Америка. Тоа наоѓаше одобрение и од родителските здруженија. Во класификацијата на „Amazon.com” добивме од читателите највисока оценка според системот од 1-5. Списанието дефинитивно ги задоволуваше очекувањата на многу луѓе. Јас сепак не бев меѓу нив – мислам, јас не се чувствував задоволен од себеси.

 

Имав врска којашто ми изгледаше тешка за објаснување, бидејќи некои работи во неа никако не ми се допаѓаа. Дури многу подоцна ми стана јасно дека тие работи не биле никакви специфични недостатоци конкретно на таа врска. Само што тогаш јас сѐ уште не бев начисто што точно ме вознемирува.

 

Дури кога ставив крај на врската и на работата за списанието, јас сфатив дека за мене највознемирувачки бил сам по себе хомосексуалниот карактер на таа врска.

 

Многу несфатливо звучи такво нешто од устата на човек кој покрај сѐ друго бил „пионер“ во движењето за права на хомосексуалците (или барем така ме определуваа некои луѓе, иако јас никогаш не сум гледал така на себеси, но ниту некогаш сум ги отфрлал нивните пофалби). Многу невообичаено и несфатливо навистина звучат такви зборови. Понормално е човек да признае дека е престапник отколку геј да каже дека хомосексуалноста му била мачнотија во животот.

 

Тоа веднаш добива етикета „внатрешна хомофобија“.

 

Да, но за мене „внатрешната хомофобија“ е поим којшто нема зошто да ме уплаши бидејќи сум читал и проучувал многу работи за неа, а освен тоа сум учествувал доброволно во одржувањето на отворени телефонски линии од националниот главен штаб за упатства и совети за хомосексуалните граѓани во државата – во таа дејност имам водено разговори со повеќе од илјада случајни младинци од 38 држави на САД и четири канадски провинции, дури и со такви од Загреб, Хрватска, и на сите нив им „влевав сила“ да осознаат колку е битно да ја надминат внатрешната хомофобија. Така што јас сосема сум начисто што всушност претставува таква состојба.

 

Но работата е во тоа, што не беше внатрешната хомофобија тоа нешто што ја побуди кај мене таканаречената фобија или „омраза“ кон мојата сопствена хомосексуалност.

 

Тоа беше Бог.

 

Да, знам, зборот „Бог“ е станат шаблонски и неубедлив. Луѓето бегаат од тој збор. И самиот успеав да го разберам тоа и искрено жалам дека е така.

 

И сепак во мојот живот токму тоа се случи. Во мојот живот почувствував во душата болна вонемиреност, почувствував како со своите дејствија уништувам безброј луѓе, се обратив кон Светото Писмо и после многу молитви си кажав дека ако Библијата понекогаш и нѐ плаши, тоа е затоа што луѓето со своите дела направиле така што таму да се кажуваат страшни работи.

 

Во мојот живот открив еден многу личносен Бог, со Кој можам да зборувам и од Кого научив дека во мене, како и во секој друг човек, има една особена убавина. Во мојот живот колку повеќе време Му посветував на Бога, толку повеќе се доближував до Него. Во мојот живот Бог е мојот најдобар пријател.

 

Благодарение на Бог и на сето тоа што Тој ми го откри, јас развивав сѐ подлабока и појасна претстава кој сум и за што сум роден. Ги следев Неговите упатства и читав многу книги кои ми ги откриваа лукавите тајни на такви нешта како што се социјализмот, социјалните програми за превоспитување и рамноправност, националните иницијативи за истражување и терапија на хомосексуалноста. Сето прочитано ми помогна да си ги отворам очите за вистината.

 

За мене беше и благослов, и пропаст – тешко душевно премрежие – фактот дека Бог ми го откри вистинскиот начин на живот. Немаше сомнеж што се бара од мене после тоа: да се откажам целосно од дотогашниот начин на живот. Во Светото Писмо Исус нѐ повикува да Му го предадеме животот Нему. Во извесна смисла јас веќе бев добил волја и желба да го направам тоа.

 

И го направив. Станав христијанин. Го ставив почетокот на своето исцеление. И денес вие сте сведоци дека сум исцелен човек.

 

Така мојот живот се претвори во живот на исцеление од хомосексуалната страст и јас пишувам за тоа со желба да ја исправам заблудата дека хомосексуалноста не е излечлива. Тоа не е вистина. Исцелението е наполно можно. Ете јас го постигнав.

 

Како точно се случи? Да забележам дека многу работи во случајов се многу лични. Но како целина сѐ е поврзано со внимателно вникнување во тајните на човечката душа, со спознание на изворот на човечката „желба“, со добивање способност да се прави разграничување меѓу нашите лични претстави за „желбата“ и нејзината вистинска природа, и ред други работи од тој вид.

 

Ако некој се заинтересира и посака да ги претставам нештата подетално, би можел и со задоволство би го направил тоа. Но овде за пократко обрнувам внимание пред сѐ на фактот дека успеав да го постигнам тоа и навистина се чувствувам исцелен.

 

Не барам ниту признание ниту пофалба. Дури не ми е важно некој да се радува заради мене – знам дека многу луѓе ќе се почувствуваат практично скршени штом овие мои зборови ќе стигнат до нив.

 

Не се сомневам во тоа бидејќи ако до пред неколку години јас самиот наидев на некој кој би тврдел такви работи, сигурно ќе го ставев под број еден на списокот на непријателите на современото општество. Само што во моите денешни смирени денови јас се чувствувам среќен заради постигнатото.

 

Тоа беше сѐ што сакав да ви кажам.

 

***

 

Но кога ќе размислам, не е баш сѐ. Ќе ги насочам мислите кон минатото и веднаш си спомнувам како уште од почетокот ми всадија дека хомосексуалното во мене е нешто вродено и непроменливо. Многу луѓе ми го всадуваа токму тоа вознемирувачко сфаќање. Истото се всадува и денес. Истото сум го всадувал кај другите и јас самиот! Имав организирано цела медиумска кампања за постигнување на таа цел!

 

Значи, не е сѐ - го имам предвид тоа што сакам да ви го кажам. Мојата борба не запира тука. Бидејќи хомосексуалноста за мене не е просто нешто од кое јас се исцелив. Таа е една зла лага и колку и да се тврди спротивното, не е невозможно да се исчистиш од неа.

 

Не просто да си го исчистиш телото, туку да си ја исчистиш душата – јас веќе од искуство ја знам големата разлика меѓу тоа што беше мојата душа кога бев геј и тоа што таа е денес.

 

Јас сум директен сведок на преминот на човечката душа од едниот крај до другиот и исполнет сум со желбата никогаш повеќе да не ја враќам во претходното! Тоа е безусловна моја желба, бидејќи денес дури мислите ми се одвраќаат од споменот за мојата некогашна практика. Таа ми изгледа како најглупавото и одвратно нешто, од кое буквално ми се повраќа.

 

Малку само да се загледам и веднаш сфаќам зошто ја примам така! Сите луѓе треба да ја восприемаат хомосексуалноста како нешто одвратно бидејќи тоа ќе ги сочува од неа. А не треба да ѝ се подаваат бидејќи тоа ќе ги лиши од создавањето рожба – нешто, што ние по самата своја природа треба да го посакуваме за да го сочуваме човечкиот вид. Толку е проста и очигледна причината заради која треба да гледаме на хомосексуалноста како на нешто одвратно. Нема ништо лошо луѓето да ја восприемаат како таква. Тоа е дури и повеќе од логично!

 

Во краен случај несфатливото е да не ја сфаќаме како одвратна. Ако престанеме да гледаме со одвратност на сите порочни практики во нашиот живот – на сѐ што ни пречи да водиме нормален живот според тоа што ни е дадено да бидеме – што ќе се случи тогаш? Дали ќе ни остане она вродено, природно чувство за нашата суштинска природа, за нашиот призив, за целта на нашиот земен живот?

 

Добро сфаќам што се вложува во поимот „хомофобија“. Само што тука не станува за никаква „фобија“, туку за здрав човечки разум.

 

Ете зошто ми е важно да се знае дека веќе сум совршено начисто што претставува хомосексуалноста. И во мојот живот отсега па натаму ќе вложувам неуморни усилби да се борам против неа.  

 

______

* XY: карактеристична двојка хромозоми за машкиот пол

 

Мајкл Глац

 

Извор: Православие.бг