Игуменот на Ватопед е уапсен и однесен од Света Гора
 
 
 
 
 

Игуменот на Ватопед е уапсен и однесен од Света Гора (27.12.2011)

Игуменот на светогорскиот манастир Ватопед архимандритот Ефрем денес беше уапсен и изнесен под полициска стража од територијата на Света Гора. Со овој чин се смета дека се прекршени и грчкиот устав и автономијата на Света Гора.

Претседателот на православното здружение Радоњеж“ Евгениј Никифоров, кој е запознаен со ситуацијата во манастирот, изјави за „Интерфакс-Религија“, дека о. Ефрем се согласил да го исполни судскиот налог за негово апсење. Од оваа вечер тој се наоѓа во затвор во Атина.

Безрезервна поддршка на Старец Ефрем дадоа сите игумени на манастирите на Света Гора и многу Епископи на Православната Црква од целиот свет. Потегот на грчката држава особено на Министерството за правда во овој случај се оценува како намерно антицрковен.

На многу места низ светот се најавуваат протести на православните верници пред Грчките Амбасади.