Врховниот суд вели: „Игуменот Ефрем и монахот Арсениј се невини“
 
 
 
 
 

Врховниот суд вели: „Игуменот Ефрем и монахот Арсениј се невини“ (16.01.2012)

Врховниот суд ја поништи одлуката на Апелациониот и повеќе не важи пресудата за десетмесечен затвор (со три години условна казна) на игуменот на манастирот Ватопед, старец Ефрем (веќе во притвор), како и на монахот Арсениј и судиката Марија Псалти, која неосновано беше осудена за издавање на судска тајна и недоличен однос кон двајцата монаси. Причината за „затварање“ на судската постапка, која беше долго развлекувана од страна на многучлениот Основен суд Родопис за Имотни Прашања, произлегува од одлуката на Врховниот Суд, Апелациониот суд на Тракија да изврши ново судење во нов состав на судии.

Кривичниот оддел на Врховниот суд, усвојувајќи го предлогот на заменик обвинителот на Врховниот суд, Н. Цанга, смета дека претходната одлука нема правна основа, содржи суштински недоречености, недоследности и недостатоци на повеќе места.

Новиот процес ќе се одржи во Апелациониот суд, а обвиненијата се очекува да бидат полесни, со оглед на тоа дека Врховниот суд смета дека објавувањето на резултатите на само еден суд, веќе не претствавува меродавна одлука.

Така, веќе се покажува дека во овој случај не постои кривично дело.

Извори: Имерисиа

Пемтусиа.гр

 

Преземено од www.bigorski.org.mk