Руското Православие е признаено во Италија (02.06.2012 19:14)
Руската Православна Црква официјално е признаена во Италија. Владата на Република Италија одобри правен статус за парохијата на Московската Патријаршија. Тоа многу ќе ја олесни парохиската служба на свештеникот и ќе отвори нови можности за развој на православната вера во регионот.
Ова признавање ѝ дава на РПЦ нови законски можности, рече во интервјуто за радиостаницата „Гласот на Русија“ раководителот на Корсунската епархија, под чија надлежност се руските цркви и парохии на Апенинскиот полуостров, епископот Нестор Сиротенко: „Исто така, ги доведовме до крај договорите за користење на црквите. Ова е уште еден дел од признавањето на Владата на Италија, кое ни беше апсолутно неопходно. Факт е дека денес во Италија, според различни проценки, постојат околу милион луѓе, кои се духовни чеда на Руската Православна Црква. Пред сѐ, тие се од Украина, Молдавија, Русија. И нивниот број е многу значаен, бидејќи на тој начин нашата парохија расте“.
Како правно лице, Руската Православна Црква, сега може да купува имот и земја, но и да биде одговорна пред судовите, да има независни приходи, па дури и да конкурира за средства од државниот буџет.
Владимир Кучумов служи во Италија веќе 10 години. Денес отец Владимир е игумен на легендарниот руски комплекс во Бари. Нешто пред овие години, црквата Свети Никола, која ја нарекуваат и „Мала Русија во Италија“, конечно ѝ беше предадена на РПЦ. Едниствениот православен комплекс е изграден во Бари, со парични средства на руските верници во почетокот на 20 век. Навистина, овој објект долго време не ѝ припаѓаше на Русија. После промените во власта за време на револуцијата во 1917 г., новите советски власти биле приморани да се откажат од имотот. Процесот за враќање на имотот на „Свети Никола“ на Руската Црква почна во текот на средината на 90-те години на минатиот век.
Сега овој комплекс го посетуваат не само верниците на Руската Православна Црква, туку и православните од други земји. Православието по застапеност е трета вероисповед во модерната Италија. Историјата на РПЦ започнува на Апенините од крајот на 18 век, 1979 г. во Торино, а две години подоцна во Неапол се појавија првите руски цркви. Денес во Републиката има преку 50 прохии и верски заедници на Московската Патријаршија.