Отворен е Музејот на православна уметност во Националната библиотека во Букурешт
 
 
 
 
 

Отворен е Музејот на православна уметност во Националната библиотека во Букурешт (08.08.2012 16:15)

На 5 август се одржа торжествената церемонија на отворање на Музејот на православна уметност при Националната библиотека во Букурешт, соопшти официјалниот сајт на Романската Православна Црква.

Свеченоста беше возоглавена од Праховскиот Епископ Варсануфиј, викар на Букурешкиот Архиепископ.

Новата зграда на Националната библиотека на Романија, беше осветена и отворена во април, оваа година. Местото за Музејот на православната уметност не беше избрано случајно: до 1989 година таму имаше православна црква, која беше уништена заедно со уште два други храма во нејзина непосредна близина.

 

      

Извор: Basilica.ro