Бугарската Црква подготвена на протест за да се учи веронаука во училиштата
 
 
 
 
 

Бугарската Црква подготвена на протест за да се учи веронаука во училиштата (12.09.2012 11:19)

Бугарската Православна Црква е спремна да подготви и спроведе протестна литија поради неподготвеноста на владеачките структури, изучувањето на религијата да биде задолжителен предмет. Ова во вторникот во Варна го соопшти отец д-р Захари Дечев, којшто беше член на работната група за религиозно образование при светиот Синод, за време на дискусијата за нацрт-законот за предучилишно и училишното образование.

„Општеството треба да го чуе гласот на Бугарската Православна Црква дека веронауката треба да биде задолжителен училиштен предмет“, изјави отец Захари Дечев, цитиран од БТА.

Според него, низ годините Црквата секогаш добивала негативен одговор предметот да заземе достојно место во образовниот систем. Тој смета дека е непотребно да се шпекулира со светскиот (секуларен) карактер на образовението, бидејќи изучувањето на религијата нема да го разруши, туку само ќе помогне за духовното и моралното воспитување на децата.

Според него, нацрт-законот за училишното образование е со нејасна философија и во него недостасува фундаментот за воспитувањето на децата. „Во проектот го нема моралот и ако законот биде усвоен во таа форма, бугарските родители ќе имаат многу сериозни проблеми во иднина“, истакна Дечев.

Во јули стана јасно дека премиерот Бојко Борисов им довери на експерти од Министерството за образовение и од Светиот Синод да подготват текст за промена на Законот за училишно образование, во којшто ќе биде вклучено задолителното изучување на веронауката. Во моментов, новиот закон за училишно образование е на второ читање во парламентарната комисија, но досега не е направен предлог за задолжително изучување на веронауката во училиштата. Воведувањето на религијата во училиштата и формата во која тоа би се случило е исклучително дискутабилно прашање за кое различните страни многупати спореле и конечно решението ќе се дознае со набрзо донесениот текст при второто препрочитување на нацрт-законот.

Извор: Двери.бг