Патријархот на Грузија ќе го освети Тбилиси поради сложената ситуација во земјата
 
 
 
 
 

Патријархот на Грузија ќе го освети Тбилиси поради сложената ситуација во земјата (27.09.2012 16:51)

Поглаварот на Грузиската Православна Црква, Патријархот на цела Грузија Илија II, ја објави својата одлука, денес на 27 септември, да се освети Тбилиси, поради тешката ситуација во земјата, во пресрет на изборите, известува „Новости-Грузия". „Осветувањето на главниот град на Грузија ќе се изврши за првпат, како резултат на сложената ситуација, во очи празникот Воздвижение на Живототворниот Крст Господов“, се вели во соопштението.

Парламентарните избори во Грузија ќе се одржат на 1 октомври. Воочи изборите во земјата вријат политичките страсти и се зголемува напнатоста во општеството. Пред неколку дена излезе на површина фактот за жестокиот однос кон затворениците во еден од тбилиските затвори, видеоснимките од затворот ја шокираа земјата и веќе неколку дена во различни градови се одржуваат протести против насилството.

Во текот на литиите, кои тргнаа од четири страни на градот истовремено, и коишто се предводени од духовни лица, се читаат молитви и улиците се попрскуваат со осветена вода. Собирањето на парохјаните започна во 14:00 ч., во Ваке (храмот Вознесение), Важа Пашвела (храмот Св. Варвара), Дидубе (храмот Св. Варвара) и Самгори (храмот Св. Варвара).

Колоните на верниците од Ваке и Дидубе во 16:00 ч. ќе се соберат на плоштадот Героев, од каде здружената литија ќе оди кон Метехскиот мост, каде кон нив ќе се присоедини црковната поворка од реонот Самгори. Во 18:00 ч. во близина на Метехскиот мост ќе се отслужи празнична богослужба.

Извор: Православие.ру