Започна процесот за избор на новиот Бугарски Патријарх
 
 
 
 
 

Започна процесот за избор на новиот Бугарски Патријарх (16.02.2013 12:06)

Светиот Собор на Бугарската Православна Црква во петокот, 15 февруари, започна со гласање за избор на нов Патријарх. Се очекува дека во наредните денови ќе бидат објавени имињата на тројцата кандидати, од кои еден ќе биде избран следната недела, на 24 февруари.

На седница учествувале тринаесет архиереи; бил отсутен Митрополитот Западно-европски Симеон, поради болест.

Според Уставот на Црквата, двајца членови на Соборот нема да може да бидат избрани за претстојатели: Епископот Пловдивски Николај кој е помлад од педесет години и Митрополитот Доростолски Амвросиј кој на чело на епархијата се наоѓа помалку од пет години.

Претходниот Патријарх Максим се упокои на 6 ноември 2012 г. на 98 години.

Извор: Светигора