Патријархот Вартоломеј во своето родно место на островот Иврос
 
 
 
 
 

Патријархот Вартоломеј во своето родно место на островот Иврос (17.02.2013 11:47)

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј е во тридневна посета на своето родно место – с. Свети Теодор на турскиот остров Иврос. Патријархот сподели дека секој пат кога го посетува своето родно место, се опоравува, враќајќи се кон спомените за изминатите добри, но и тешки години. Патријархот ја посети родната куќа и кафе-берберницата на својот татко, како и своето училиште, коешто после долги години „молчење“ ќе ја возобнови својата долгогодишна дејност. Патријархот Вартоломеј ги посети гробовите на своите претци и сограѓани и запали свеќи во спомен на Американскиот Архиепископ Јаков, којшто е од родното село на Патријархот.

Тридневната посета е подготовка за Страсната седмица и Велигден, кога Вселенскиот Патријарх ќе дојде тука, за да ги отслужи богослужбите во седмицата пред големиот христијански празник.

Извор: Двери.бг