Во Бугарската Православна Црква се отвори оддел за „Односи со јавноста“
 
 
 
 
 

Во Бугарската Православна Црква се отвори оддел за „Односи со јавноста“ (03.07.2013 11:55)

Во последните години интересот на СМИ (Средства за масовно информирање) за Бугарската Православна Црква, по повод различни актуелни поблеми во општеството и во животот на светата Црква, видливо се зголеми. За жал, лошата комуникација помеѓу БПЦ и СМИ, користењето неточни информации и непознавањето на разни аспекти од животот на Црквата, во многу случаи, придонесоа материјалите што излегуваа во медиумскиот простор да бидат на штета на БПЦ и нејзиниот авторитет во општеството. Од друга страна, во случаите кога беше спроведувана интеракција со СМИ, врз основа на меѓусебната почит и доверба, резултатите беа далеку подобри – до стотици илјади Бугари пристигаа позитивни пораки, благодарение на кои БПЦ се зацврсти како институција во која бугарите имаат најголема доверба.

Сфаќајќи, во ова наше време, колку важна улога имаат медиумите врз формирањето на јавното мислење, арехиереите од Светиот Синод на БПЦ, предводени од Неговата Светост Бугарскиот Патријарх и Софиски Митрополит Неофит, одлучија, во иднина БПЦ-БП да се насочи кон поинтензивен и подобар дијалог и интеракција со СМИ и пошироката јавност. За таа цел, на својата седница на 12 јуни, Светиот Синод во полн состав, донесе одлука при Синодот да се отвори оддел за „Односи со јавноста“.

Организацијата на работата на овој нов оддел при БПЦ-БП Светиот Синод го довери на г-ѓа Александра Карамихалева, којашто неофицијално беше на оваа функција веднаш по интронизацијата на Патријархот Неофит, а од 1 јули и официјално ја презеде истата.

Извор: bg-patriarshia.bg