Пирејскиот Митрополит Серафим остро ја критикуваше активноста на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј
 
 
 
 
 

Пирејскиот Митрополит Серафим остро ја критикуваше активноста на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј (10.07.2013 13:14)

Митрополитот на Пиреја Серафим, во врска со посетата на Вселенскиот Патријарх на Милано, му постави неколку прашања на Неговата Светост, а во заклучокот од долгото послание изрази загриженост затоа што активностите на Патријархот Вартоломеј претставуваат закана за единството на Црквата.

„Какво сеправославно решение? Со синовска храброст, Свет Владико, Ве прашувам: зар Вашето пристигнување, како Вселенски Патријарх, Поглавар на Православието, во Милано претставуваше конечно решение на Сеправославните средби? Ние веруваме дека тоа серизно прашање за односите со еретиците-паписти, бара согласност, решение и благослов од сите Свети Синоди при Помесните Цркви.

Православната одлука за водење на богословски дијалог со друговерните ги оправдува ли активностите како ‘заеднички служби’ и ‘заеднички молитви’? Ваша Светост, од Вашиот говор во Милано произлегува дека Вие учите на нова, невидена, екуменска еклисиологија, која безусловно, им е туѓа на православните. Вие применувате еретички и екуменски теории за ‘братски Цркви’ и ‘две белодробни крила’.

Вие ги почитувате еретичките собири на католиците и протестантите (лутераните, реформаторите), и ги израмнувате по чест и вредност со православните. Го признавате ересиархот на папата, кардиналите, сметате дека имаат автентични таинства, свештенство и апостолско преемство. Вие користите слична теологија и во однос на другите конфесии (муслиманите, јудеите). За Вас, Ваша Светост, сите овие ереси, заедно со Православните Цркви, претставуваат ‘една Црква’, која впрочем, сега е поделена, но се движи кон своето единство.

Вие отидовте предалеку. Вашите чекори веќе го поминаа и Рубикон. Трпението на илјадниците благочестиви души, клирици и мирјани, непрестајно истекува. Заради Господ, отстапете! Не се обидувајте да создадете раскол во Црквата. Вие сакате да ги надминете разликите, но единствено што ќе постигнете е срушеното единство и пукнатините во темелите, кои до овој ден се тврди и монолитни. Требаше да послушате и да си дојдете на себеси! Но, за жал, вие тргнавте на долг пат. Денот веќе ѝ потклекна на ноќта...“.

Извор: Седмица.ру