Романската Патријаршија ја поддржува институцијата традиционално семејство
 
 
 
 
 

Романската Патријаршија ја поддржува институцијата традиционално семејство (19.07.2013 11:21)

По седницата на Светиот Синод при Романската Патријаршија, одржана на 4-5 јули, со која претседаваше Неговото Блаженство Романскиот Патријарх Даниил, беше донесено следново соопштение:

„Во контекст на јавните дебати кои во последно време се одржуваат по повод проектот за промена на Уставот на Романија, Светиот Синод ја поддржува дефиницијата според која „семејството е природен елемент за егзистенција и развој на општеството, кое се темели врз бракот, слободно склучен помеѓу маж и жена, нивната еднаквост, и правата и обврските на родителите да обезбедат развој и образование на децата, со поддршка и заштита од државата“.

По анализите и проценката на крајните резултати од анкетата врз романскиот народ во 2011 г. Светиот Синод одобри нова пастирско-социјална програма – методи и средства за зајакнување на пастирската служба на локално (епархиско), регионално (митрополитско) и национално ниво.

Романската Православна Црква ќе ја интензивира својата пастирска служба кај верниците со цел да ја промовира и заштити институцијата традиционално семејство, да го намали бројот на разводите, абортусите, насилствата во семејствата, напуштањата на децата итн.

Епархиите при Романската Патријаршија ќе ја поддржат граѓанската иницијатива наречена „Еден од нас“, која има за цел, во рамките на Европската унија, да го подигне нивото на заштита на достоинството, правото на живот и интегритетот на секој човек уште од неговото зачнување.

Исто така, Светиот Синод се радува за повеќекратните активности на епархиите во романската дијаспора во областа на одржувањето и промоцијата на романските вредности.

Извор: Светигора