Канонизација на двајца нови светители од Цариградската патријаршија
 
 
 
 
 

Канонизација на двајца нови светители од Цариградската патријаршија (27.11.2013 22:54)

Денес, на 27 ноември 2013 година, под претседателство на Неговата Сесветост, патријархот Вселенски и архиепископ Константинополски г. Вартоломеј I, се состана светиот и свештен Синод на Вселенската патријаршија. На седницата, по извештајот на Комисијата за канонизација, се донесе одлука јеромонахот Порфириј Кавсокаливит и јеромонахот Мелетиј од Ипсени, Родос да бидат впишани во диптихот на Светиите.

Денот на празнување на споменот на светиот Порфириј Кавсокаливит е 2 декември. Споменот на св. Мелетиј Родошки Црквата го слави на 12 февруари.

Свети новопрославени Порфириј и Мелетиј, молете Го Бога за нас!

Извор: omhksea.org