Отслужена првата Литургија во Малула, Сирија, по ослободувањето од терористите
 
 
 
 
 

Отслужена првата Литургија во Малула, Сирија, по ослободувањето од терористите (23.08.2018 18:34)

Значаен духовен настан се случи неодамна во Сирија, на 12 август, кога беше отслужена Божествена Литургија во манастирот „Света Текла“, во Малула.

Ова беше првата Литургија отслужена овде по неколку години, кога градот беше заземен од терористи, а неколку монахињи беа држени како заложници неколку месеци.

На богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Лука Дамаски.

Обновата на манастирот беше завршена неодамна, и со оживувањето на литургискиот живот, манастирот повторно е извор на духовна храна за верните.