1400 деца добија подароци за Божик во Хуши, Романија
 
 
 
 
 

1400 деца добија подароци за Божик во Хуши, Романија (01.01.2019 09:36)

Илјада и четиристотини деца и нивните родители го наполнија дворот во зградата на епархијата во Хуши, Романија, на 25 декември, за да присуствуваат на Божикната програма и да добијат подароци од Романската црква.

„Многу ми е мило што дворот е полн со чистота, зашто душите на децата се чисти. Божик секогаш се поврзува со чистота, зашто Чистотата се раѓа“, изјави Неговото Високопреосвештенство, Епископот Игнатиј, на настанот.

Сите деца добија шал и пееја Божикни песни. Настанот го поддржи Православното филантропско здружение во Хуши, а присуствуваа и претставници од општината, како и голем број волунтери кои делеа топол чај и колачи.

извор: http://orthochristian.com