Прва црква во чест на свети Паисиј Светогорец на Света Гора
 
 
 
 
 

Прва црква во чест на свети Паисиј Светогорец на Света Гора (26.02.2019 12:54)

Иако веќе постојат повеќе цркви во светот посветени на великиот подвижник од 20 век – Старец Паисиј Светогорец, Света Гора, сега, за првпат е осветена црквата изградена во негов спомен. Осветувањето на црквата се одржа во недела, на 24 февруари 2019 година, од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Ксанти г. Пантелејмон.

Црквата се наоѓа во Капсала, област меѓу Кареја и манастирите Пантократор и Ставроникита, каде што претходно имало скит. Изградбата на црквата започна во јули 2016 година, а заврши пред неколку месеци. Црквата е изградена од јеромонахот Евтимиј, кој бил духовно чедо на Старец Исак, кој се упокоил во 1998 година, а кој и самиот бил под духовно раководство на свети Паисиј. Тие заедно ја составија најобемната книга за Старецот, вклучувајќи го и неговото житие.

Извор: http://orthochristian.com/119576.html