Изградена црква на Света Гора во чест на преп. Паисиј Светогорец
 
 
 
 
 

Изградена црква на Света Гора во чест на преп. Паисиј Светогорец (16.08.2019 10:02)

По четири години градење, нова црква посветена на преподобен Паисиј Светогорец беше осветена на крајот од месец јули 2019 година на Света Гора.

Изградбата на црквата во ќелијата посветена на Благовештение во романскиот скит Лаку започна во 2015 година, а осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Павле, Митрополит на Драма.

Братството од романскиот скит е заслужно за преводот на житието и поуките на преподобен Паисиј од грчки на романски јазик, со превод на околу 20 томови.

Преподобен Паисиј Светогорец беше канонизиран од Светиот синод на Цариградската Патријаршија на 13 јануари 2015 година, и оттогаш многу цркви ширум светот се посветени во негова чест. Првата црква во негова чест во Романија беше изградена во селото Савадишла, во округот Клуж, а ова е третата црква изградена во негова чест на Света Гора.

извор: http://orthochristian.com