Патријархот Грузиски Илија крсти 521 дете во 62-та групна крштевка
 
 
 
 
 

Патријархот Грузиски Илија крсти 521 дете во 62-та групна крштевка (21.01.2020 18:12)

Неговата Светост Патријархот Илија, возљубениот духовен отец на цела Грузија, ја изврши 62-та групна крштевка во соборната црква посветена на Света Троица, во Тбилиси, на 14 јануари 2020 година.

Овојпат Грузискиот Патријарх стана кум на 521 дете, а досега вкупно има крстено 40.909 деца.

Со првата групна крштевка на 19 јануари 2008 година, Патријархот Илија ја започна оваа иницијатива за да помогне да се поправи страшната демографска криза во Грузија, предизвикана од честите пост-советски абортуси.

Вакви крштевки се одржуваат четирипати годишно, а Патријархот лично ги крштева и станува кум на третото или на подоцнежните деца родени во православни семејства.

извор: http://orthochristian.com