Се упокои во Господ Митрополитот на Лангада г. Јован
 
 
 
 
 

Се упокои во Господ Митрополитот на Лангада г. Јован (15.11.2020 21:09)

Денес, ненадејно почина Митрополитот на Лангада г. Јован (Тасијас) во болницата „Папагеоргиу“ во Солун, каде што беше хоспитализиран во петокот, на 13 ноември. Митрополитот почина на 62-годишна возраст.

Тој беше ракоположен за епископ во 2010 година, во црквата „Свети Димитриј Мироточив“, во Солун, и оттогаш беше надлежен архиереј на епархијата на Лангада. Автор е на бројни теолошки написи и дела. Учествуваше на бројни богословски конференции, а држеше предавања и во центрите за обучување по катехизис и за постдипломски студии при Солунската митрополија. Беше професор на вишото црковно училиште во Солун. Во текот на дваесет години држеше емисии на радио и телевизија.

Нека му е вечен споменот!