Грчкиот Архиепископ Јероним му предаде на Антиохискиот Патријарх Јован помош за настраданите од земјотресите
 
 
 
 
 

Грчкиот Архиепископ Јероним му предаде на Антиохискиот Патријарх Јован помош за настраданите од земјотресите (23.03.2023 15:05)

Нивните Блаженства, Патријархот Антиохиски и на целиот Исток, г. Јован и Архиепископот Атински и цела Грција, г. Ероним, на 21 март 2023 година, во црквата на Светиот крст во Дамаск, отслужија помен за жртвите од катастрофалните земјотреси што ги погодија Сирија и Турција.

На богослужбата присуствуваа членовите на светата придружба на Архиепископот Ероним, меѓу кои беше и директорот на организацијата „Апостоли“, која собираше помош за погодените од земјотресите, како и Митрополитите на Антиохиската Црква, Сава Њујоршки и Северноамерикански, Митрополитот Василиј Акарски и митрополитот Ефрем Алепски.

На крајот од молитвата, Патријархот Јован им посака добредојде на гостите во градот кој низ историјата дал светители како свети Јован Дамаскин, заблагодарувајќи им се за братската љубов и за напорите за собирање и делење помош на семејствата погодени од земјотресот. Архиепископот Ероним истакна дека големите искушенија предизвикани од земјотресот и големите загуби на животи и имот го поттикнале грчкиот народ да одговори на повикот за хуманитарна акција и да испрати помош за настраданите.

Истиот ден, Патријархот Јован го прими Архиепископот Ероним и неговата придружба во Бејрут, во присуство на митрополитот Бејрутски Илија, митрополитот Њујоршки и Северноамерикански Сава и Планинско-либански Силуан, како и архимандритот Георгиј, игумен на манастирот „Пресвета Богородица“, во Баламанд.

Од името на Антиохиската Црква, нејзините епископи и народ, Патријархот Јован се заблагодари на грчката делегација за нивната љубов и дарежлив чин, а Архиепископот Ероним, пак, пренесе порака за солидарност на грчкиот народ.

Следниот ден, 22 март 2023 година, во патријаршискиот манастир „Пресвета Богородица“, во Баламанд, Архиепископот Ероним и Патријархот Јован отслужија панихида за жртвите од земјотресите што го погодија регионот.

Извор: Антиохиска патријаршија