За гордоста
 
 
 
 
 

За гордоста (19.02.2009)

Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен.

Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица.

Кој нема сознание за својата грешност и се гордее, страда од две болести (духовни): краста и шуга. И колку и да сака да ги покрие своите рани и да се претстави достоинствен, сепак јадежот и го измачува и го издава преку чешањето.

Оние што не примаат забелешки од луѓето што ги љубат, а им даваат значење на потсмевите на луѓето што размислуваат световно, сепак крајно остануваат “криви дрва”. Исто така, штиците што не го примаат стругањето од Дрводелецот за да станат мебел, па завршуваат во бетонот или во скалите и биваат газени и валкани со кал сè додека не бидат уништени и не завршат во оган.

На многу горделивиот, ако е особеник и избувлив, нема да му биде корисна дружбата со смирен човек, туку често станува уште побезобзирен. Значајно е да осознаете дека дури и ѓаволот исчезнува од смирението. Заради тоа и божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот.

Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бога за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.

Оној што постојано е горделив, постојано се онеправдува самиот себеси, бидејќи никогаш нема да има духовни подеми, туку постојано падови, сè додека не се скрши, бидејќи нема скрушено срце и смиреноумие.

Оние што немаат падови во овој свет, а ја имаат целата негова гордост, нивната горделивост всушност ги надминува границите (достигнува ѓаволски степен), така што нивниот пад е од задната страна на високиот врв (ѓаволски пад).

Оној што е многу горделив, полош е од оној што е опседнат од демон, бидејќи гордоста постојано нè надувува, сè додека не пукне одеднаш. Додека пак, човекот што го измачува нечист дух, освен што страда и се искупува (или се осветува, ако самиот не е причина), но и бива смирен во очите на луѓето. На крајот Бог го ослободува и во неговата душа настанува двојна полза.

Гордоста многу ја попречува благодатта Божја, а гордата помисла ги расипува и нашите добородетели, како што и птичјуиот измет кога ќе падне во пржени јајца, заедно со тавата се само за фрлање.

Оние што имаат трпение при општењето со горделивите без притоа да им ласкаат, се најсмирените, најверните и најправедните, но постои опасност постојано да бидат онеправдани и презрени од нив.

Поголема благодарност им должиме на оние што нè онеправдуваат и што нè појат со отров, отколку на оние што нè хранат со почит, со ласкави зборови или со вкусни јадења и слатки, бидејќи отровот е најдобриот лек за нашата душа.

Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бога.

Ударите врз нас се неопходни за спасение на нашата душа, зашто тие ѝ даваат сјај. Колку некој ја удира облеката и ја трие, толку подобро ќе ја чисти. Како и октоподот и сипата од многу удари подобро омекнуваат и се огробот на Старец Паисијчистуваат од своето црнило.

Световните ласкања им наштетуваат на душите кои духовно се повредени и ги искупуваат добородетелните луѓе уште во овој суетен живот (преку пофалбите), кога добродетелта е видлива. Пофалбите треба да бидат поскромни од нашите добродетели, за нашиот духовен кантар да натежнува кон праведниците на Судниот ден, за да Го видиме Лицето Божјо.

Тешко нам! Кога нè прогласуваат за добри лубеници, додека ние сме обични тикви (тешко тебе, сирот Паисие).

Тешко на оној што им остава на другите впечаток дека е свет, зашто тогаш вечно се онеправдува себеси, та никој нема да се моли за упокојување на неговата душа кога ќе умре, (а ќе има потреба) - зашто сите ќе го сметаат за блажен. (За жал, ни за ова не бев предострожен, така што извршив злосторство врз мојата душа. Помолете се мојата душа да ја упокои милостивиот Бог).

Световниот мир и спокојот на нашите помисли никогаш не ѝ носта смирение на нашата душа, ниту во овој живот бидејќи недостига божествената утеха, ниту пак нè води во вечниот спокој, туку почнуваат уште од овде да нè измачуваат и продолжуваат во вечните неподносливи маки.

Оној што се жалости заради тоа што паднал во очите на луѓето со своето невнимание, а не се жалости заради тоа што Го повредува Христа, постојано ќе биде повреден и неутешен и постојано ќе паѓа додека не го смени типикот и се смири. Само тогаш ќе се спаси од паѓањето овде и од вечното што го чека.