Поуки од свети Отци
 
 
 
 
 

Поуки од свети Отци (08.12.2009)

И кон слепиот, и кон лепрозниот, и кон умно пореметениот, и кон доенче, и кон криминалец, и кон незнабожец покажи почит, како кон образот Божји. Што имаш ти со неговите немоќи и недостатоци? Пази на себеси, за да немаш недостиг во љубовта.

свети Игнатиј Брјанчанинов

 

Оној кој се научил да Му благодари на Бог за своите болести, не е далеку од светоста.

свети Јован Златоуст

 

Најголемата, постојана заблуда на нашето срце со којашто треба непрестајно да се бориме – целиот живот, тоа е скриената мисла дека ние можеме да постоиме без Бог и некаде надвор од Бог, макар некогаш и за еден миг.

свети Јован Кронштатски

 

„Болен ли си или сиромав, трпи. Ништо, освен трпението, Бог не бара од тебе. Трпејќи благодушно ти секогаш ќе се наоѓаш во добро дело. Кога и да погледне на тебе Бог ќе види дека ти правиш добро или пребиваш во доброто ако благодушно трпиш, додека кај здравиот човек добрите дела се со прекини. Зошто, посакувајќи ја промената на својата положба, ти посакуваш да го смениш доброто за полошото?“

свети Никодим Светогорец

 

Но, треба да ги сметаме за вистински несреќни и достојни за жалење оние коишто осквернувајќи се себеси со сите пороци и престапи, не само што не трпат некој видлив демонски напад, туку не се подвргнуваат на никакво искушение коешто одговара на нивните дела и на никаков камшик заради исправување. Бидејќи не заслужуваат брзо и лесно исцелување во ова време, на оние со упорно и непокајано срце, преминувајќи преку казната во овој живот, им се собира гнев и негодување за денот на гневот, кога ќе се отркие праведниот суд Божји (Рим. 2, 5).

преподобен Јован Касијан

 

Страст е постепена желба да се греши на одреден начин или љубов кон некакви грешни дела или предмети.

свети Теофан Затворник

 

Демоните ги засилуваат во нас нашите страсти, имајќи ја за соработничка нашата небрежност и ги поттикнуваат (побудуваат), а светите Ангели, побудувајќи нѐ кон практикување на добродетелите, ги намалуваат страстите.

преподобен Максим Исповедник

 

Непријателот паднал од гордост. Гордоста е почеток на гревот; во неа се наоѓаат сите видови на злото: суета, славољубие, властољубие, студенило, жестокост, рамнодушност кон страдањата на ближниот; мечтателен ум, засилена вообразба, демонски израз на очите, демонски изглед на целата појава; затемнетост, тага, очајание, омраза; завист, навредливост, кај многумина пад во телесна похот; измачувачко внатрешно неспокојство, непослушание, страв од смртта или напротив - желба да се одземе животот и, на крај, што е често - потполно лудило. Ова се знаци на демонската духовност. Но, додека тие јасно не се пројават за многумина остануваат незабележливи.

Старец Софрониј Сахаров

 

 

 

 

 

Телото, бидејќи е составено од многу, притоа нееднакви делови, коишто и самите се составени од четири стихии, кога ќе се разболи, има потреба од разни лекарства, кои се составени од разни треви. А душата, напротив, бидејќи невештествена, проста и несложена, кога ќе се разболи едно лекарство ја лекува - Духот Свет, благодатта на Господ Исус Христос.

свети Симеон Нов Богослов

 

Не ви посакувам ниту богатство, ниту слава, ниту успех, па дури ни здравје, а само мирот душевен. Тоа е најважно. Ако го имате мирот ќе бидете среќни.

преподобен Алексиј

 

Раздразливоста на карактерот произлегува од непознавањето на себеси, од гордоста и уште од тоа што ние не размислуваме за силната повреденост на нашата природа и малку го знаеме кроткиот и смирениот Исус.

свети Јован Кронштатски

 

Бог е оган кој ги стоплува и разгорува срцата и утробите. Значи, ако во срцата свои чувствуваме студенило кое е од ѓаволот, бидејќи ѓаволот е студен, тогаш да Го повикаме Господ и Он, доаѓајќи, ќе го стопли нашето срце со совршена љубов не само кон Него, туку и кон ближниот. И од лицето на топлината се изгонува студенилото на оној што го мрази доброто.

преподобен Серафим Саровски

 

Гневливиот ја убива и ја погубува својата душа. Да, и навистина, гневливиот ја убива и ја погубува својата душа затоа што целиот живот го поминува во смут и е далеку од спокојство. Тој му е туѓ на мирот, далеку е и од здравјето; затоа што и неговото тело непрестајно се топи, и душата тагува, и телото венее и лицето е покриено со бледило, и мислата го прелажува, и разумот изнемоштува, и помислите течат како река.

преподобен Ефрем Сирин

 

Еден од учителите на Црквата од вториот век Тертулијан кажал вистински и длабоки зборови: „Душата човечка по природа е христијанка“. Таа копнее по духовна храна, чистота и светост, таа копнее по Христос. Душата по природа е христијанка, и ако не се храни со духовната храна, тогаш настапува тешко хронично гладување на таа несреќна душа.

свети Лука Војно-Јасенецки