Бог е оган
 
 
 
 
 

Бог е оган (16.02.2011)

Бог е оган кој сѐ преобразува. Кога предметот ќе се приближи до пламенот, тој се менува: или изгорува, или се кали. Така човекот, приближувајќи Му се на Бога или пропаѓа, или се спасува.

Огинот е секогаш огин. Но, во допир со него се создава и пепелта, и челикот, во зависност од тоа што се допира до него. Така се случува и со човекот и сѐ зависи од тоа што тој ќе донесе до Божјиот оган – во каква состојба тој ќе Му пристапи на Бога. Ако се однесува како железото, тогаш силата на железото ќе се претвори во челик, а ако се однесува како слама – ќе изгори.

Секој човек порано или подоцна неминовно ќе Му пристапи на Бога и тешко на него ако не се подготви за таа средба. Толстој невнимателно и самоуверено Му се приближил на Бога, а не со Божји страв, недостојно се причестил и отпаднал од Бога. Ќе настапи мигот кога ќе дојдеме во допир со Божјата сила, сакале ние или не.

Лопатата е во Божји раце. Со лопатата се вее зрното и сламата, сламата ја носи ветрот, а зрното паѓа пред нозете на Домаќинот кој го собира во амбарот, останатата пак, слама, се остава или се запалува.

Неминовна е средбата со Бога и треба да се подготвиме за таа средба. Гревовите наши – тоа е сламата која ќе изгори на средбата. Однапред треба самите себеси да си судиме и самите, подготвувајќи се за таа средба, да се одвоиме од сламата, да ја запалиме сламата на гревовите со покајание. Или само гревовите ќе бидат изгорени, или заедно со нив ќе изгори и самиот човек кој им се препуштил.

Треба да знаеме за Страшниот Суд и да се однесуваме кон тој ден и настан како што треба. Треба да ја исчистиме својата душа, треба да се молиме. Кон тој настан треба да се однесуваме јасно и свесно, а не како животно кое ја врти главата за да не ја види опасноста.

Свети Јован Шангајски