За сеќавањето на смртта
 
 
 
 
 

За сеќавањето на смртта (23.05.2012)

Во аскетските списи на светите Отци, под „сеќавање на смртта“ не се подразбира обично човечко спознавање на смртноста на човекот, ниту обично сеќавање на тоа дека ќе умреме. Тоа е едно особено духовно чувство и започнува со свесност за краткотрајноста на овоземниот живот и преминува во длабоко чувство за распадливоста и краткотрајноста на сѐ земно, а како резултат на тоа доаѓа до менување на човечкиот однос кон сѐ во светот. Сѐ што не трае вечно го губи своето значење. Внимението на умот се свртува од надворешниот свет и се сосредоточува кон „внатре“. Душата се поставува пред нeсфатливата длабочина на темнината. Ова состојба ја доведува душата до ужас, а тој поттикнува на покајничка молитва, која не престанува ни ден, ни ноќ. Времето започнува да го губи своето траење, но во почетокот не заради тоа што душата ја здогледала светлината на вечниот живот, туку напротив, затоа што целото битие е опфатено со чувството за вечната смрт. Најпосле, поминувајќи низ многу и различни степени, душата под влијание на благодатта ја здогледува беспочетната Божествена светлина. Тоа не е некој философски „трансцензус“, туку живот во својата полнота, која нема потреба од дијалектички „докази“.

 

Свети Силуан Светогорски