Размислување за Страшниот суд
 
 
 
 
 

Размислување за Страшниот суд (25.05.2012)

 

Се сетив, мои љубени браќа, на оној час и затреперив; помислив за Старшниот суд и за рајската веселба и се вознемирив, и без здив липав додека имав сили во мене: бидејќи своите денови ги поминав во мрзливост, расеаност, во нечисти помисли. Тешко на мене!

Што ќе правам со срамот во оној час, кога ќе ме опколат моите познати, кои ме виделе во одеждата на побожноста и ме славеле; кога јас, исполнет со беззаконие и нечистотија, заборавив на Оној Кој ги испитува срцата и внатрешноста? Навистина, таму ќе има срам; за жалење е оној кој таму ќе биде посрамен.

Љубезно Те молам, Боже, наспрема изобилието Твое, не ме поставувај заедно со оние кои Те налутија; немој да ми речеш: „не те познавам“. Туку, според Твојата благост, подари ми непрестајни солзи и покајние, смири го моето срце и исчисти го за да стане светол храм на Твојата благодат. Иако грешен и недостоен, постојано тропам на Твојата врата; иако мрзлив и неработлив, но одам по Твојот пат.

И така, мои љубени браќа, да се потрудиме да Му угодиме на Бога, додека сѐ уште има време; да плачеме пред Него, ден и ноќ, во молитва и псалмопеење, за да нѐ избави од оној бескарен плач, од чкрипењето со заби, огнот... и да нѐ исполни со радост во Своето Царство и во вечниот живот, од каде побегнале болестите, неволјите и воздишките.

 

Свети Ефрем Сирин