„Сегашните страдањата не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие“
 
 
 
 
 

„Сегашните страдањата не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие“ (21.07.2012)

Сите заедно имате првенствена грижа, откако започнавте, да не попуштате, трудејќи се да не паѓате со духот и да не велите: „Веќе долго време поминавме во подвизи“. Напротив, зголемувајте ја својата ревност, како секој ден да почнувате. Целиот човечки живот е многу краток во споредба со идниот век и сѐ наше е ништо пред вечниот живот. Во овој свет секое нешто се продава за одредена цена и сите разменуваат работи со иста вредност, додека ветувањето за идниот живот се купува со нешто незначително. Бидејќи, напишано е: „Деновите на нашиот живот се седумдесет години, а при поголема сила – осумдесет. И повеќето од нив се во труд и маки“. И така за осумдесет, или дури и сто години поминати во подвиг ние нема да царуваме само сто години, туку вечно. Со тоа, нашето наследство нема да биде на земјата, туку на небото, иако сме се подвизувале на земјата. И уште: „оставајќи го распадливото тело, ќе добиеме нераспадливо“. Да не паѓаме во униние и да не мислиме дека долго сме живееле во подвиг, или дека сме направиле нешто големо: „Сегашните страдања не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие“.

Свети Антониј Велики