Надежта и кроткоста (01.08.2012)
Вистинскиот христијанин е создаден од верата и љубовта кон Христос. Гревовите ни најмалку не нѐ спречуваат да бидеме христијани, тоа и Самиот Христос го кажува. Тој, заради Своето големо човекољубие рекол дека не дошол да ги повика праведните, туку грешните на покајание, бидејќи поголема е радоста на небото поради еден грешник кој се кае, отколку за останатите деведест и девет праведни. Расудувајќи на овој начин, христијанинот би требало да се надева, да се радува и да не го прифаќа погубното очајување. Овде е потребен штитот на верата.
За оној кој Го љуби Бога, гревот не е ништо друго, туку непријателска стрела, истрелана во духовната борба. Вистинскиот христијанин е воин, кој на патот кон својата небесна татковина, се бори против невидливиот непријател. Според зборовите на апостолот, „нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против господарите на темината на овој век, против поднебесните духови на злобата“ (Ефес. 6, 12).
Пропадливите световни желби нѐ одвојуваат од нашата татковина. Навиката и наклонетоста кон нив како да ја облекуваат душата во неубави фустани. Тоа апостолите го нарекуваат надворешен човек. Патувајќи низ овој живот и барајќи помош од Бога, треба да го соблечеме од себе неубавиот фустан и да се облечеме во љубовта на идниот век и со тоа да спознаеме колку сме блиску или далеку од нашата небесна татковина. Меѓутоа, тоа е невозможно да се направи брзо. Тогаш човекот треба да го следи примерот на болните, кои, сакајќи исцеление, непрестајно ги бараат вистинските лекови.
Свети Герман Алјаски