Секој мора да го направи диховно корисен дарот (талантот) кој го добил
 
 
 
 
 

Секој мора да го направи диховно корисен дарот (талантот) кој го добил (28.09.2012)

Надареноста која му е дадена на секој човек треба да се користи за добро, бидејќи Бог, кога му го подарил одредениот таланат, имал и Свои барања. Имањето разум, на пример, е способност, но од тоа како човекот го користи својот разум, може да прави добро, или зло. Ако некој има исклучива интелегенција (способност), ако правилно ја користи, може да направи пронајдоци кои ќе му помогнат на целиот свет. Но ако не ја користи како што треба, може да измисли, да препоставиме, пронајдоци со кои лесно ќе ограби некого. Или, оние кои цртаат стрипови во весниците и сл., во еден стрип, на еден цртеж, на пример, можат да ја претстават целата случка. А ако тоа има врска со црковните теми, може да го претстави целото богословие. Некои од нив, затоа што имаат лесно подвижен ум, кога би студирале теологија, би можеле да им дадат многу длабока духовна смисла на своите стрипови. Значи, на тој начин, својата способност би ја направиле духовно достојна (вредна), би ја осветиле и многу би си помогнале, како себеси, така и на другите. Меѓутоа, сега многу луѓе негативно влијаат: бесрамно, ако стрипот е бесрамен, или смешно, ако стрипот е смешен.

Значи, тие кои имаат некаква особена способност, ќе станат или полезни, или погубни. Од друга страна, оние кои немаат никаква специјална способност, се разбира, не можат да направат некое големо добро, но барем не можат ниту да придонесат за некое големо зло.

 

Старец Паисиј Светогорец