Онака како што нашето срце е расположено кон нашиот брат, така и Божјото срце се однесува кон нас
 
 
 
 
 

Онака како што нашето срце е расположено кон нашиот брат, така и Божјото срце се однесува кон нас (27.01.2013)

Постои една голема вистина: онака како што нашето срце е расположено кон нашиот брат, така и Божјото срце се однесува кон нас. Дали сакаш Бог да ти ги прости твоите грешки? Дали сакаш да те сака со целото Свое срце? Тогаш би требало, од срце да сакаш и простуваш.

Дали сакаш Бог да ги заборави сите твои гревови и веќе да не се навраќа на нив? „Сакам, би сакала“, плаче душата. Тогаш, колку и да те растажиле твоите ближни, ти повеќе нема да размислуваш, ниту ќе се сеќаваш на тоа. Тоа е голема вистина. Според тоа, кој и да се оддалечи од целта, ќе направи многу и големи грешки во животот. Ако ја примениме оваа светоотечка мудрост, ѓаволот повеќе нема да има никаква власт над нас.

Да бидеме внимателни и да се прекоруваме себеси за да не ја загубиме својата цел и утре горко да се каеме. Мораме да имаме на ум и да дејствуваме како ова да е нашиот последен ден.

Нашата цел е една: да дојдеме на себе, да ја воочиме сопствената вина, заради сето тоа да се прекоруваме, да се осудиме самите себеси, себеси да се сметаме за одговорни и виновни, и да не обрнуваме внимание на тоа дали нашиот ближен е крив или не.

Светите Отци велат: „Ако сакаме да го добиеме мирот пробувајќи да ги поправиме другите, никогаш нема да го најдеме“. Со други зборови, доколку сакаме да спечалиме мир со тоа што ќе ги смируваме другите, никогаш нема да живееме во мир. Значи, човекот мора да го најде мирот во себе, внатре во себе. „Смири се во себе, и со тебе ќе се смират и небото и земјата“, вели ава Исаак Сирин.

Ова да го положиме длабоко во своите срца, бидејќи е богатство кое Светото Евангелие и светоотечките текстови ни го подариле, за да ги спасуваме своите бедни души.

Старец Ефрем Филотејски и Аризонски