За Божјата благодат (25.02.2013)
Каде што е благодатта – изворот на животот, таму, од срцето, истекуваат добри дела. Кога ќе нѐ посети Светиот Дух, секој труд станува лесен и непрестајната молитва излегува од срцето, додека од очите постојано течат солзи; притоа се јавува сесилното духовно просветлување и чистото, трезвено расудување, затоа што тогаш внатре во човекот дејствува Светиот Дух. А кај оној кој им се предава на страстите, тие се умножуваат, кога итриот дух преку нив владее со човекот; во неговата душа настанува темнина, мрак и непријатност.
Свет е оној кој ги има наведените својства на совршената благодат, оној кој непорочно внимавал и ги исполнил Божјите заповеди, кој ги победил страстите и се одрекол од какво било уживање. Кој се одрекол од уживањето? Оној кој потполно го отфрлил самољубието (кое се појавува) преку сите облици на своеволното однесување, оној кој заради набесното Царство и вечниот живот се замразил себеси во овој краток век; оној кој спечалил непоколеблива вера и цврста и несомнена надеж во Бога, во сите свои маки и потреби – таквиот навистина е свет и бестрасен.
Преподобен Паисиј Величковски