Сѐ истрпете заради Христос
 
 
 
 
 

Сѐ истрпете заради Христос (04.04.2013)

Не си поставувајте никакви завети и правила без одобрение од духовниот отец, зашто повеќе полза ќе ви донесе една од него благословена метанија отколку илјада метании, направени по сопствена волја.

Фарисејот се молел и постел повеќе од нас, но без смирение целиот негов труд испаднал безвреден. Затоа, ревнувајте во смирението на митарот, кое се раѓа од послушанието, и тоа ќе ви биде доволно.

Во секоја тага, и во болест, и во немаштија, и во мачнина, и во двоумење, и во сите непријатности, подобро е помалку да се размислува и да се разговара со самиот себе, а повеќе да се посвети внимание на молитвата; дури и кратко, треба да се помолиме на Христос и на Неговата Пречиста Мајка. Преку тоа и духот на унинието ќе отстапи и срцето ќе се исполни со надеж во Бога и радост.

Треба да се учиме, за сѐ мислено да се укоруваме и осудуваме себе, а не другите. Она што е скромно, тоа е и полезно, затоа што Бог ги сака смирените и Својата благодат ја излева на нив.

Каква мака и да те снајде, каква непријатност и и да те сретне, речи си: „Ќе истрпам заради Христос!“ Кажи го само тоа и ќе ти биде полесно, затоа што името на Господ Исус Христос е моќно. Со него сите непријатности се стишуваат, демоните исчезнуваат, па ќе ја снема и твојата душевна здодевност, ќе умре твојата малодушност, кога ќе го повторуваш Неговото преслатко име.

„Господи, дај ми да ги видам моите грешки! Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост!“

 

Преподобен Антониј Оптински