Поука од светите Отци
 
 
 
 
 

Поука од светите Отци (21.05.2013)

Еднаш, еден човек имал тројца пријатели.

Со првиот пријател секој ден убаво си поминувал.

И со вториот убаво си живеел, но не како со првиот. Малку полошо.

За жал, со третиот ретко (понекогаш) се гледал, но со ладно срце.

Во меѓувреме дошла вест од царот дека тој човек направил некое зло и дека ќе биде осуден.

Тој отрчал кај својот прв пријатал и му рекол: „Мој пријателе, царот ќе ме осуди заради лошо дело“. А пријателот му одговорил: „Јас од својата куќа не излегувам“.

Човекот, исплашен, отишол кај својот втор пријатал. Тој, пак, му одговорил: „Јас ќе дојдам до царскиот двор, но не влегувам внатре“.

Брзо отрчал кај својот трет пријател, но со срам: „Како да му кажам? Никогаш му се немам заблагодарено“. Меѓутоа, и покрај срамот отишол, и му рекол: „Мој пријателе, царот ќе ми суди. Можеш ли да ми помогнеш?“ Тој веднаш, со задоволство отишол кај царот и му помогнал.

Трите пријатели сликовито претставени се: првиот – парите, покуќнината; вториот – родителите, браќата, роднините; а третиот – милосрдието.

Кога ќе дојде време да заминеме од овој свет, првиот пријател, односно парите, покуќнината... не излегуваат од куќата. Вториот пријател, односно роднините доаѓаат до гробот. Третиот, пак, пријател, односно милосрдието доаѓа до Христос и помага.

 

Старец Арсениј Исихаст