За молитвата
 
 
 
 
 

За молитвата (25.05.2013)

За слепиот е несреќа тоа што не ја гледа светлината, но многу поголема несреќа за христијанинот е губењето на желбата (расположението) за молитва, кога ја лишува својата душа од Божјата Светлина. Во таквата душа се појавува темнина, а по исходот (излегувањето) од телото, нејзиниот удел ќе биде вечна темнина за созданието.

Велат дека ако немаш желба, не треба да се молиш, но тоа е измамничко телесно мудрување. Ако тогаш не се молиш, сосем ќе ја оставиш молитвата, а телото тоа и го сака. Божјото Царство со напор се освојува. Без самопринудување на добро, нема да се спасиш.

Ете затоа треба да се молиме не само кога сме расположени за молитва, туку и кога не сакаме да се молиме, кога мрзливоста, сонот, грижите, тагата и сѐ останато, нѐ оддалечуваат од молитвата, и ако, без оглед на сето тоа ние се молиме, подвизуваме, се присилуваме, се бориме со себеси, тогаш таквата молитва допира до небото и излегува пред Божјиот престол.

За време на молитвата сезлобниот ѓавол со особена сила застанува против оние што се молат, им подметнува многу искушенија и зла. Безбројни се ѓаволските искушенија за време на молитвата. Тој во тие моменти нѐ потсетува на такви дела чие исполнување ни го претставува како неопходно и неодложно. Не го слушај, Божјата благодат после молитвата ќе ти помогне во сѐ.

За време на молитвата, задолжително, треба да се отфрли секоја овоземна грижа, да не се обрнува внимание на ниту една од помислите кои за време на молитвата се појавуваат со особена сила, туку, како војник, сите да се одбијат.

Молитвата не е механичка активност, туку стоење пред Бога, разговор со Него.

 

Старец Сава Псковско-Печерски