За умносрдечната молитва
 
 
 
 
 

За умносрдечната молитва (05.07.2013)

Светите Отци тврдат дека нашиот внатрешен човек, доколку е трезвеноумен, може да го сочува и надворешниот. Според нивните зборови, ние и злосторниците – демоните се здружуваме кога правиме гревови: тие преку помислите или фантазиите, пред нашиот ум ги изобразуваат гревовите што ги сакаат, а ние преку нив грешиме внатрешно и надворешно. Бидејќи немаат тела, демоните, своите маки и нам ни ги нудат преку помислите и измамите, постојано имајќи го злото во себе, секогаш подготвено за нечесност.

Меѓутоа, умносрдечната молитва ги растерува и нивните измами ги претвора во прав. Затоа што, Исус, Господ и Божјиот Син, Кому постојано и ревносно Му се молиме, не дозволува да го внесат гревот во нас, ниту во огледалото на нашиот ум да изобразат каква било слика, ниту да кажат каков било збор во срцето. Доколку никаква слика не се прикраде во срцето, тогаш ни помислите нема да го вознемируваат, бидејќи демоните обично преку помислите тајно разговараат со душата и ја поучуваат на зло.

Непрестајната молитва го чисти мислениот воздух во умот од темните облаци и ветровите што доаѓаат од духовите на злото. Кога воздухот во срцето е чист, тогаш ништо не ја спречува Исусовата Божја Светлина да светне. Потребно е само да не паднеме поради суетата, своеглавоста и самораспадливото истакнување, да не брзаме кон недостижното, за да не ни биде одземена Исусовата помош. Зашто, како пример за смирение, Христос не го сака сето тоа.

Значи, да се прилепиме за молитвата и смирението. Со тие две оружја, здружени со трезвеноумието како огнен меч, се наоружуваат војниците против мислените предлози на демонот. Доколку така го живееме својот живот, секој ден и секој час, во тајност ќе го имаме радосниот празник во срцето.

Преподобен Исихиј