За помислите на срцето (24.02.2014)
Човекот има таква сила што може да ја ги пренесе доброто и злото врз својата околина. Ова се многу чувствителни теми. Потребно е големо внимание.
На сѐ треба да се гледа со добро око. Да не помислуваме ништо лошо за другите. И еден поглед и едно воздржување, влијаат на нашите ближни. И најмалата лутина предизвикува зло. Во душата треба да имаме добрина и љубов, и истите да ги даваме. Да внимаваме да не им се лутиме на луѓето што нѐ навредуваат, туку да се молиме за нив, со љубов. Што и да ни прави ближниот, никогаш да не помисlуваме лошо за него. Секогаш да се помолиме со лубов и да ги утврдиме мислите во доброто.
Никогаш не треба за другиот да мислиме дека Бог ќе му даде некое зло или дека ќе биде казнет за својот грев. Таквата мисла, иако не сме свесни како, донесува големо зло.
Многупати му велиме на другиот: „Зар не се плашиш од Божјата правда? Зар не се плашиш од Неговата казна?“ Другпат, пак: „Не може така, Бог ќе те казни за тоа“, или велиме: „Боже не го казнувај за тоа што ми го направи“, или: „Нека не му се случи (некоја работа)“.
Во сите овие случаи имаме длабока желба да се казни другиот, наместо да признаеме дека нашиот бес е нашата грешка; не се молиме за него, туку ѝ робуваме на лутината. Така, на некој начин, го проколнуваме братот...
Кога мислиме лошо, некоја сила излегува од нас и се пренесува на другиот, како што се пренесува гласот преку звучните бранови, и навистина другиот го трпи злото. Ова произлегува од нашата лутина. Ние, на мистичен начин, го пренесуваме нашето зло. Бог не го предизвикува злото, туку човековата злоба. Не казнува Бог, туку нашето расположение, на чуден начин, се пренесува на душата на другиот, и прави зло. Христос никогаш не посакал зло, туку ни рекол: „Благословувајте ги своите непријатели...“
Преподобен Порфириј Капсокаливиски