Бог, ангелите и душата се единствената реалност во вековите на вековите
 
 
 
 
 

Бог, ангелите и душата се единствената реалност во вековите на вековите (24.05.2015)

Го молевме Старецот да ни каже нешто за својот претходен живот, пред на себе да го земе благиот јарем, во монаштво да Му служи на Исус Христос. На тоа тој ни одговори:

 

„Брате, јас немам свое минато. Монахот нема ништо лично. Минатиот живот, ако бил добар, Бог знае; ако бил лош – Бог ми простил, призивајќи ме на спасение. Јас немам ништо „свое“ освен чувството за својата непотребност. Сѐ е во рацете на мојот Спасител: животот, душата и секое движење, и секој здив. Дали се спасувам или не, живеам ли богоугодно или не, постапувам ли според правдата Божја – не знам; тоа го знае само Бог. Слушнав дека ме нарекувате „блажен Старец“. Брате, јас сум блажен само тогаш кога пребивам во молитва, зашто мојата душа тогаш се соединува со Сесветиот и Најблажен Бог; инаку, јас сум грешен и беден. Немам ни своја иднина, зашто тоа целосно е во рацете Божји: ќе сака ли да ми ги прости гревовите или не, ќе ме повика ли да бидам со Него и ќе го запише ли моето име во Книгата на Животот или не; дали поради моите гревови ќе бидам осуден на вечна мака, како недостоен за Бог? – не знам и стравувам за тоа. Ако, според зборовите на Писмото, сета праведност човечка е како нечиста облека пред лицето Божјо на сеопфатната Правда и Светиња (Ис. 64, 6), тогаш што да кажам јас, грешниот и бедниот, кој ништо нема. Единствено што имам е мојот Спасител, мојот Бог, моето Радување; и во животот ништо друго немам. Бог, ангелите и душата се единствената реалност во вековите на вековите. Амин.“

 

Преподобен Партениј Киево-Печерски