Свети Филарет Московски: Исус во нашите срца
 
 
 
 
 

Свети Филарет Московски: Исус во нашите срца (05.02.2022)

Голема полза за секој човек е ако Христос за него стане негово срце и негов живот. И не само што тоа е добро за тој човек, туку тоа е добро и за сите оние кои се во негова близина, бидејќи секоја сила секогаш се наоѓа во средиштето и оттаму се шири налик на бранови, насекаде, и делува на сѐ што ќе наиде на тој пат. И оној кој најверојатно поради својата мрзеливост се лишил себеси од големиот дар Божји, тој си ускратува многушто и себеси и на другите, поради тоа што Христос не е во него, во неговиот живот и неговото срце. (...)

Ништо не се случува случајно. Сѐ што ни се случува, се случува по промисла Божја. Сѐ што ни се случува, се случува или како казна, или како поука. На светот има безброј луѓе кои се хипохондри и такви со оштетен ум, такви кои не ги поднесуваат непријатностите на овој живот, па сепак, ако не се во состојба самите да се грижат за себе, нив ги чува Божјата промисла. И често се слуша прашањето зошто е тоа така? Можеби е тоа така бидејќи во нив порано имало мноштво добри мисли и чувства, можеби затоа што пред таа болест направиле некое добро дело, па поради тоа не ги напуштила Божјата благодат, туку таа е постојано во нив?

Ако на непријателот на душата му биде допуштено да си игра со човечкиот живот, зарем тоа не е затоа што порано во тој човек немало постојани принципи на доброто, без кое ја нема благодатта која го штити секого од нас? Токму затоа ја прифатиле службата на духовното просветување, требало добро да се замислат над тоа дали секогаш доволно се трудат нивното учење да добие небесна помош во непрестајната борба против силите на темнината? Дали доволно влегуваат во душите на оние на кои им даваат совети? Дали нивните поуки навистина се спроведуваат во секојдневниот живот? Со вакви мисли треба да се прибегне кон Бог и да се истрајува на тоа да ја зацврстиме во себе кон сѐ што е душеполезно. Тоа, секако, би било поправилно, пополезно, помило на Господ, отколку да работиме на тоа несреќната смрт да ја прикриваме со свечен и раскошен погреб.

Слава на Христос, Кој ни се јави во смирението на нашата природа, за да ни покаже пример на смирение. Тој се роди во пештера, за ние да не тежнееме кон убавина на нашата соба или ќелија, лежеше во јасли, за ние да не бараме мека постела, беше повиен во пелени, за ние да ја сакаме простата облека, дојде како дете кое не умееше да зборува, за ние да бидеме едноставни како деца, незлобиви и да не го покренуваме нашиот јазик во празнословие. Нека ве осенат сите овие вистини и нека ме осенат и мене, за што замолувам за ваши молитви.

Она што е горчливо не може да се заслади со горчливо, туку само со она што е слатко. Така и горчливите коментари не можат да се сладат со горчливи зборови. Кротоста, трпението и љубовта и самиот горчлив извор не можат да се претворат во слатки. Ако нашата душа е подложена на некое лишување, Бог бара трпение и надеж за душата да се искуша и да се очисти.

Свети Филарет Московски